Со интелигентниот 4x4 погон на сите тркала, моделите на Škoda нудат стабилност и прилепеност при најразлични услови. Погонот на сите тркала со електронски регулираната ламелеста спојка реагира и на најмалите измени во рок од милисекунди. Во нормални услови, возилото вози со преден погон, но доколку има снег, мраз или нечистотија на коловозот, веднаш се активира погонот на сите тркала.
Ламелестата спојка - електронски регулирана електро-хидраулична спојка за распределба на моментот - во Superb, Kodiaq, Octavia и YETI овозможува погон на сите тркала. Постојаниот погон на сите тркала го распределува вртежниот момент на моторот на сите четири тркала зависно од возната ситуација.
4x4 реагира многу брзо и интелигентно. Контролен уред го пресметува идеалниот погонски момент за задната оска. Скоро се исклучува можноста за загуба на прилепеност поради управување зависно од условите во коишто се вози. Во лер или при помало оптоварување, погонот е на предната оска и со тоа се штеди гориво.
Електронски регулираната ламелеста спојка се наоѓа директно на задната оска. Контролниот уред ги зема предвид сигналите од: