Најновата генерација на Octavia одушевува со оптималните возни перформанси. Ова е овозможено од најмодерната технологија врз основа на електронски регулираната ламелеста спојка од најновата генерација во комбинација со моќните мотори и иновативната технологија на подвозјето.
Погонот на сите тркала на Octavia Combi 4x4 овозможува и при лоши временски услови или неповолни услови на патот секогаш безбедно да пристигнувате до целта. Octavia Combi 4x4 се нуди со три моќни мотори: два дизел мотори 2.0 l TDI со 150 КС и 184 КС DSG, како и бензински мотор 2.0 l TSI со 190 КС (и со менувач со двојна спојка DSG).
Покрај тоа, таа нуди многу простор, бројни "Simply Clever" решенија и висок степен на функционалност.
Не плашете се од ледот, снегот, чакалот, лисјето или песокта. Karoq 4x4 со леснотија го совладува и најтешкиот терен. Ова возило за секакви услови го има во две варијанти: како елегантен Škoda Karoq за во град и како Škoda Karoq Scout за на отворен терен и за авантури.
Karoq со погон на сите тркала се нуди и во комбинација со автоматски DSG менувач. Погонот на сите тркала во Karoq може да се комбинира со повеќе дизел мотори.
Неговата атрактивност ја зголемуваат и свежиот дизајн, во поголем степен применетата технологија и поголемата варијабилност.
Стрмни планини и долини, чакал, кал или дупки на патот? На Kodiaq со погон 4x4 ниеден предизвик не му е преголем. Експертот за Offroad ќе Ве одушеви при секое возење со неговиот голем потенцијал и првокласна реакција: Вашиот совршен сопатник за авантура.
Погонот на сите тркала го овозможува електронски регулираната ламелеста спојка. Распределбата на силата на спојката на задната оска се врши автоматски, така што при нормални услови на патот, се користат сите предности на предниот погон, додека на потежок терен, се користи погонот на сите тркала.
Со Škoda Superb 4x4 ќе ја почувствувате зголемената безбедност, без разлика дали се работи за кривини во коишто спортски возите или при зимски услови на патиштата. Има четири мотори, коишто се достапни со најмодерната технолоигја на погон на сите тркала. Преносот на вртежниот момент на сите четири тркала се врши автоматски зависно од условите во коишто се вози.
Истовремено, Škoda Superb и Škoda Superb Combi ги потврдуваат добрите вредности на Škoda: многу простор, извонредна функционалност, висок степен на комфор, врвна безбедност, најдобар сооднос помеѓу цената и перформансите и самоуверена елеганција. Škoda Superb освен тоа, нуди и комфор којшто е поголем од она што го нуди средната класа.