Продолжена гаранција

до 5 години безгрижност

Со купување на пакетот за продолжена гаранција, добивате сигурност во поглед на фиксни трошоци за поправка на вашиот автомобил во првите 5 години од купувањето или поминатите километри-поставени како лимит за гаранцијата. Во периодот на продолжена гаранција, погрижете се сите поправки на вашиот автомобил да бидат направени во овластената Škoda сервисна мрежа. Во случај на дефект на вашиот автомобил, во тек на вашето патување, секогаш можете да се обратите кај најблискиот овластен Škoda сервисен партнер и да ја искористите продолжената гаранција, која важи за сите европски земји.

Нашата препорака е сите ваши рутински проверки на автомобилот да бидат извршени во овластената Škoda сервисна мрежа.

Со продолжената гаранција, се зголемува вредноста на вашиот автомобил и секој следен купувач ќе знае дека автомобилот кој го купува од вас бил добро одржуван и чуван.

Ви посакуваме среќни патувања исполнети со многу уживање.

Услови и набавка на пакетот

  • Доколку купувате автомобил од гамата на Škoda и посакате да го земете пакетот со продолжена гаранција, тогаш истиот може да го набавите од продажното место каде го купувате автомобилот т.е. од овластена продажно сервисна мрежа на Škoda. Со овој пакет добивате продолжена гаранција на автомобилот во времетраење од пет години од моментот на негово купување.
  • Продолжената гаранција се однесува на овој временски период или пак за изминати од 50 000 km до 150 000 km, во зависност од тоа кој параметар е избран како лимит од страна на купувачот.
  • Сите сопственици на Škoda автомобил кои го имаат пакетот со продолжена гаранција, добиваат можност за бесплатна и навремена поправка и отстранување на дефектите кои ќе се јават кај нивниот автомобил. Се што треба да се направи е да се приложи сервисната книшка, во која се заведени сите редовни сервиси направени во овластената Škoda сервисна мрежа, како и валидната гаранција.
  • Бесплатната поправка и елиминација на дефектите за време на продолжениот период на гаранција, можете да ги реализирате во овластената Škoda сервисна мрежа.
  • Истите услови од основниот 2 годишен пакет на гаранција, важат и за пакетот од продолжената гаранција, како што е наведено и во сервисната книшка.

Предности на Продолжената гаранција!

Продолжената гаранција, која ја нудиме ние и овластените Škoda дилери, за клиентите претставува поедноставна и поекономична алтернатива во однос на понудите на осигурителните компании.

Дополнително, на брз и едноставен начин ќе добиете поголема сигурност и поголема трајност на вашиот автомобил. Предностите кои ги има овој пакет се лесно забележителни:

  • Поправки за време на периодот од продолжената гаранција, може да се извршуваат од страна на сите овластени Škoda Auto партнери, а не само кај партнерот кој ја договорил и продал продолжената гаранција.
  • Со продолжената гаранција, се зголемува вредноста на вашиот автомобил и доколку се одлучите за продажба, купувачот ќе знае дека автомобилот кој го купува е добро одржуван и чуван.

Период4 години4 години4 години5 години5 години5 години
Километри60.000 km90.000 km120.000 km50.000 km100.000 km150.000 km
МоделEA1EA7EA2EJ3EA4EA9
Fabia€ 210€ 320€ 420€ 290€ 520€ 760
Scala / Kamiq€ 210€ 320€ 420€ 290€ 520€ 760
Octavia A8€ 240€ 360€ 480€ 320€ 570€ 840
Karoq€ 240€ 360€ 480€ 320€ 570€ 830
Kodiaq€ 340€ 500€ 670€ 460€ 840€ 1.230
Superb€ 340€ 500€ 670€ 460€ 840€ 1.230
Enyaq€ 250€ 380€ 500€ 350€ 630€ 920

Забелешка: Цените се изразени во Евра, плаќањето се врши во денари по валиден курс на НБРМ.

Продолжена Гаранција / Garancia e zgjatur

Потребни ви се повеќе информации за продолжената гаранција?

Контактирајте ги нашите овластени Škoda партнери

Škoda партнери