Škoda Мобилната гаранција автоматски започнува со продажбата на ново возило, се обновува со редовно одржување на возилото во овластената сервисна мрежа и е валидна 2 години од датумот на испорака на возилото.
Во случај на дефект, мобилната гаранција можете да ја активирате на следните телефонски броеви За повик од Македонија
За повик од странство*
Услугата мобилна гаранција нуди: • Помош на лице место • Превоз на патниците и возилото до најблискиот овластен сервис • Обезбедување на заменско возило • Обезбедување услови за продолжување на патувањето со друг вид на превозно средство (автобус, воз…) • Сместување на патниците во хотел Напомена: • Мобилната гаранција не ги покрива трошоците за поправка на возилото • За најсоодветниот начин на помош одлучува дилерот • Правото на мобилна гаранција се докажува со заверена сервисна книшка • Се применува важечкото ограничување на обемот на бесплатните услуги
24 часа дневно, седум дена неделно 365 дена годишно на територија на цела Европа** * се применува важечката цена на повикот ** освен Албанија и Турција