Сите модели со погон на сите тркала неодамна се обновија или целосно се преработеа. Со тоа, Škoda во сегментот на компактната и средната класа има атрактивна и млада понуда на 4x4. Škoda погоните на сите тркала нудат низа предности во споредба со возилата со погон на две тркала.
Варијабилната распределба помеѓу предната и задната оска води до максимлен пренос на моќноста на скоро секоја подлога. Влечната сила е значително зголемена, што особено ќе го ценат возачите со приколка или трејлер. Полесно е и поаѓањето.
Се повеќе клиенти се одушевени од извонредните возни перформанси, комфорот, безбедноста и сестраноста на нашите модели со погон на сите тркала. Од 2008 година, чешкиот произведувач четирикратно ги зголеми неговите годишни испораки на 4x4.