Škoda е автомобилска марка со динамичен развој, којашто се претставува на македонскиот, но и на европскиот и светскиот пазар со своите безбедни и комфорни автомобили од највисок квалитет со исклучителен сооднос на цената наспроти перформансите. Па така, автомобилите на Škoda во меѓувреме се извезуваат во преку 100 земји, при што секоја година се произведуваат повеќе од 1.000.000 возила и им се испорачуваат на клиентите.
Со развојот на концернот Volkswagen во 1991 година беше извршен соодветен Know-How трансфер, поврзан со значителни инвестиции. На тој начин, Škoda постигна одлучувачки технолошки напредок, кој денес ги поврзува традиционалните вредности и креативната функционалност со свеж и динамичен дизајн. Но, и понатаму големо внимание се посветува на индивидуалноста на марката.
Високото ниво на технолошка компетентност, вложувањето во развојот, кое е насочено кон пазарот и производството, и созреаната технологија на изготвување се отсликуваат во исклучителниот квалитет на возилата на Škoda . Врз основа на тоа, Škoda се обидува постојано да биде креативна, безвременска и модерна, а сите желби на клиентите да бидат активно исполнети и насочени кон иднината . Отвореноста и искреноста се во центарот на нашите активности, како и постојаното и беспрекорното задоволство на клиентите, коешто доаѓа до израз со суштинската вредност Human Touch.