Се прашувате што се делови за замена?
Тука станува збор за рециклирани делови за Вашата Škoda.
Многу важно: процесите на рециклирањето овозможуваат оптимална безбедност и функционалност.
Она што пред децении започна со поединечните цилиндри, пумпи за гориво и карбураторите, денес претставува најобемната програма за враќање во историјата на автомобилите.
Исто толку добри, но по половина цена.
Може да Ве израдува тоа што Škoda деловите за замена со истиот квалитет се за до 50 проценти поповолни од соодветните нови делови. А, покрај тоа, тие придонесуваат и за заштитата на животната средина.
Обем на асортиманот*
Во моментов, ние за Вас во програмата имаме повеќе од 2.200 Škoda делови за замена од следните главни групи.
1. Мотори / блок на цилиндар / глава на цилиндар 2. Додатни делови како турбо полнач за издувни гасови / пумпи за средство за ладење / пумпи за вбризгување / катализатори 2. Менувач / куплунг / погонски оски 3. Управување 4. Стартер / генератор / компресор на клима 5. Контролни уреди
Вашиот советник за сервис со задоволство ќе Ве информира.