Ние сакаме, возењето во Вашата Škoda да го направиме што е можно понепречено и покомфорно. Системите за помош на возачот помагаат во секојдневните ситуации во сообраќајот и се грижат за Вашата безбедност - особено на долгите возења.
Тука откријте ги нашите системи за помош.
Системот за помош на светло во секое време овозможува оптимално осветлување на патот. Од брзина од 60 km/h тој во услови на темнина го вклучува долгото светло на Bi-ксенонските фарови и со неговата повеќефункциска камера, на редовни интервали го проверува сообраќајот од спротивната страна. Долгото светло се маскира во пределот на возилото што доаѓа отспротива за да не се заслепат другите возачи - достапно за Superb.
Со постојано регистрирање на податоците за позицијата на тркалата, каросеријата и движењето на амортизерите, овој систем може екстремно брзо да реагира на ненадејни ситуации во сообраќајот. На тој начин, со стабилизирачки интервенции на параметрите на амортизерите и сопирачките, возилото се прилагодува кон барањата на патеката и кон сопствениот стил на возење.
Преку сензорите во задниот браник, системот за помош постојано ја набљудува улицата зад возилото, при излегување од паркинг со возење наназад. Доколку има препреки, како минувачи или други возила, системот за помош визуелно и акустично предупредува. Во актуелните итни случаи, автоматска интервенција при сопирање го спречува судирот што се заканува.
Системот за помош при менување на коловозната лента преку радарските сензори во задните браници ги набљудува и мртвите агли зад и покрај возилото. Зависно од оддалеченоста и брзината на околните возила, системот одлучува, дали да го предупреди возачот со визуелни односно акустични сигнали за можната опасност. На тој начин, системот за помош ги избегнува критичните ситуации при претекнувањето.
Предниот радар ги регистрира брзината и растојанието на возилата што возат пред Вас, за Вашето возило да се прилагоди на актуелната ситуација во сообраќајот. Притоа, системот за помош може да ја намали брзината или самостојно да запре пред потенцијален судир. Дополнително, системот ги исчитува ознаките на коловозот и воведува контролирани мерки при отстапување од коловозот. Системот за помош при застој е активен, ако автоматски се вклучени системот за регулирање на растојанието (ACC) и системот за помош при одржување на коловоната лента.
На сите оние кои сакаат да го избегнат преголемото маневрирање при паркирање, системот за помош во управување при паркирање им ја нуди совршената помош. Бидејќи овој систем помага при пронаоѓањето на соодветно место за паркирање и го паркира возилото во попречни и надолжни паркинг места, а потоа и повторно го вади од нив.
Камерата интегрирана во внатрешниот ретровизор ги регистрира сообраќајните знаци со забрани за брзина како и со забрани за претекнување и истите ги илустрира на инструментната табла под возните податоци односно преку Infotainment системот на соодветниот дисплеј. На тој начин, возачот секогаш знае, колку брзо смее да вози додека патува, дали е дозволено претекнување и во помала мера му се оттргнува вниманието поради околината.
Со функцијата Hill-Hold-Control можете без проблеми да возите по нагорнини, без возилото несакајќи да се пролизга наназад или без да мора да ја активирате рачната сопирачка. Ако го отпуштите педалот за сопирање на нагорнина, системот за помош при поаѓање по нагорнини го задржува на 1-2 секунди притисокот во системот за сопирање - доволно време за да тргнете опуштено без придвижување наназад.