Octavia

Octavia
Освежен изглед, врвна технологија
Потрошувачка на електрична енергија4,1 - 0,0 kWh/100km
CO2 Emission112 - 0 g/km
Engine Power (kW)85 - 110 kW
Engine Power (HP)115 - 150 PS

Преглед на модели

Надворешност
Внатрешност

Откријте уште повеќе со новите LED Matrix фарови во кристален дизајн.

Тенките облини, тркалата со големина до 19“ и впечатливата торнадо линија го нагласуваат динамичниот изглед.

Octavia импресионира со својот извонреден дизајн, различните опреми и удобните детали.

Новите LED задни светла со анимирани трепкачи му даваат на возилото уникатен, безвременски изглед.

Импресивен модерен дизајн

Octavia импресионира со еден нов, емотивен дизајн: впечатливите линии, кристалните LED фарови и задни светла, како и елегантната силуета слична на Coupé му даваат на возилото модерен и динамичен изглед.

Функционалноста се здружува со дизајнот

Octavia е позната не само по својот препознатлив дизајн, туку и по својата функционалност. Без разлика дали сте на тура со семејството или на службено патување: висококвалитетните материјали, големиот багажен простор, обемните опции за поврзување и модерната технологија комбинираат максимална удобност со практичен дизајн.

Максимална удобност при секое патување

Опуштете се во загреаните и вентилирани ергономски комфорни седишта со функција за масажа, уживајте во омилените песни со уникатен квалитет на звукот благодарение на премиум музичкиот систем CANTON и препуштете му се на патувањето.

Вашата безбедност е наш врвен приоритет

Најсовремените системи за помош при возењето и совршено координираното подвозје обезбедуваат безбедно возење. Доколку дојде до судир, сите патници се заштитени со најмногу 10 воздушни перничиња, сопирачка за спречување повеќекратен судир и систем за проактивна заштита на патниците, заедно со робустна каросерија и големи зони за ублажување удар.

Иновативна технологија

Не само што Octavia е неверојатно функционална, пространа и удобна, таа е опремена и со иновативна технологија што го носи вашето искуство во возењето на нови нивоа.

Simply Clever технологија

Систем за помош при возење
Безбедносни системи за помош
LED-технологија
Едноставно паркирање

Системот за помош при возењето презема дел од управувањето на возилото, за да ви го олесни возењето.

Секогаш онлајн на пат

Искусете нови нивоа на комфор, безбедност и забава со нашите понуди за поврзување. Поврзете ја вашата Škoda Octavia на интернет и вашиот паметен телефон и искористете ги, меѓу другото, информациите за сообраќајот во реално време, потсетниците за претстојните сервисни интервали или добијте помош во итен случај.

Прикажи повеќе

Димензии

Ценовник и инфоматеријал

Преземање каталог за Škoda Octavia
pdf  (7,9 MB)
Преземање ценовник за Škoda Octavia
pdf  (387,3 kB)