Проверки

За грижата за Вашата Škoda, постои широка мрежа на салони и сервисни работилници којашто само во Македонија опфаќа 4 Škoda сервиси.

Škoda салоните се опремени со најмодерните, специјално развиени алатки и уреди.

Ви се нудат стручно обучен персонал и обемен асортиман на Škoda оригинални делови и Škoda оригинални додатоци.

Сите Škoda сервиси работат според најновите директиви и упатства, со што се гарантира дека сите сервисни услуги и поправки ќе се спроведат навремено и со извонреден квалитет.

Придржувањето до директивите и упатствата се врши во интерес на сообраќајната безбедност и на добрата техничка состојба на Вашето возило.

Секој Škoda салон врши сопствена дијагноза на сите системи на возилото, врз чија основа Вам Ви се соопштуваат обемот на зафатите што треба да се извршат, трошоците за нив и терминот кога ќе биде завршена поправката.

Škoda салоните се најдобро подготвени да се погрижат за Вашето возило и да извршат квалитетни зафати.

Сервис

Со цел секој контролен сервис да се изврши навреме и ниеден да не се заборави, индикаторот за сервисни интервали на инструментнтата табла или лепенката на страната на контролната табла на страната на возачот Ви даваат напомена.

Освен тоа, во планот за сервис во салонот на Škoda се забележува кога треба да се изврши следниот контролен сервис.

Предуслов за процесирањето на евентуалните права од гаранцијата, се потврдите за спроведените сервисни интервали од страна на сервис на Škoda.

Наведените сервисни интервали се соодветни за нормални услови на користење. Во отежнати услови, потребно е некои сервисни зафати да се извршат уште пред терминот на следниот контролен сервис односно помеѓу контролните сервиси

Под отежнати услови се подразбира:

  1. Користење гориво со зголемен процент на сулфур
  2. Почесто возење на кратки патеки
  3. Почесто работење во лер на моторот (на пр. такси возила)
  4. Користење на возилото во предели со многу прав
  5. Често користење приколка
  6. Претежно возење со чести попатни застанувања, на пример возење во град
  7. Користење на возилото подолг период во предели со зимски температури

Вашиот Škoda сервис може да Ве информира дали за условите во коишто се користи Вашето возило се потребни зафати помеѓу нормалните контролни сервиси.

Подетални информации за актуелниот обем на зафати во контролниот сервис и за трошоците ќе добиете во Вашиот Škoda сервис.

Совети за клима уредите

Надворешните влијанија може да ја нарушат функционалноста на клима уредот. Како последица од тоа може да дојде до непријатна миризба. Покрај тоа, можна е и повисока концентрација на прав и полен. Нашите понуди овозможуваат свеж воздух во Вашата Škoda.

Средството за чистење на испарувачот во клима уредот ги неутрализира непријатните мириси, како и нечистотиите од микроби, габи и бактерии. Со тоа се намалуваат алергиските реакции.

Паметен совет: Вклучувајте го Вашиот клима уред и во зима. На тој начин ќе спречите создавање наслаги на испарувачот и непријатни миризби. Во внатрешноста ќе има помалку влага и со тоа ќе се спречи замаглувањето на стаклата.