Оваа веб-страница ја поставува и ажурира Porsche Македонија и ја опфаќа почетната страница (homepage интернет-презентација) и сите останати страници на овој Веб-сајт.
Porsche во основа ги поздравува и допушта според следните одредби поставување на правно коректни врски (links) од Интернетот со почетната страница на овој Веб-сајт.
Доколку не е постигнат писмен договор, поврзувањето на "deep links" од Интернетот со интернет-презентацијата на фирмата Porsche е дозволено само доколку постои нагласено писмено одобрение од фирмата Porsche; покрај тоа треба да се напомене дека е неопходно и битно за Porsche, интернет корисникот само преку почетната страница на овој Веб-сајт да има пристап до понудата на информации. Почетната страница содржи важни информации; интересот на фирмата Porsche е оправдан во целта корисникот да се запознае со пристапот до информации на овој Веб-сајт ( и при повторно пристапување); според тоа, секое поставување на врски (link) од било кој вид кон страниците на овој Веб-сајт со заобиколување на почетната страница е недопустливо.
Поставувањето на link/referralls поради пребарување со помош на постојните алатки за пребарување (yahoo, google, итн.) сепак е дозволено.
Porsche го задржува правото на измена на ограничувањата во секое време и сеопфатно без наведување на причините.
Porsche не ја презема одговорноста за штетите или пречките од било кој вид или правна основа, кои се создаваат или се создале при поврзувањето спротивно на ограничувањата.
Porsche го задржува правото да на одредени лица, фирми, здруженија, група на лица или групи на фирми без наведување на причините да го скрати поврзувањето поврзано со одредени веб-содржини, Веб-сајтови или страници.
Поставувањето на врски кон овој Веб-сајт, сеедно дали е директно или индиректно, кои се во било каква врска со информациите, веб-содржините или веб-страниците чија содржина е правно недозволива, неморална, политички радикална, дискриминаторна, криминална, одбивна и слична не е дозволено.
Porsche во секој момент го задржува правото на употреба на сите технички и/или законски уредби кои му стојат на располагање во случај на повреда на ограничувањето при поставување на врски.