**Дали може да поврзам повеќе паметени телефони со SmartLink? **Не, SmartLink може да се поврзе само со еден уред.
**Дали Škoda Австрија нуди поддршка за Apple CarPlay/Google Android Auto или MirrorLink апликациите? **За ова, Ве молиме обратете се директно до Apple, Google или Car Connectivity Consortium. Апликациите се сервисирани од страна на произведувачот.
**Дали Apple CarPlay/Google Android Auto/MirrorLink може да се надградуваат? **Начелно, за моделите Octavia, YETI и Superb, Apple CarPlay /Google Android Auto/MirrorLink во форма на SmartLink може да се надградат. Но, бидејќи се зависи од датумот на производство на Вашето возило, за ова Ве молиме обратете се до Вашиот Škoda салон.
Дали сите мои апликации може да се прикажуваат на дисплејот на радиото? Од безбедносни причини, за време на возењето се прикажуваат и може да се ракува само со одредени апликации.
**Дали на мојот паметен телефон мора да инсталирам специјален софтвер за да може да го користам SmartLink? **Важно е Вашиот паметен телефон да биде секогаш со најновата верзија на софтверот и редовно да ги спроведувате ажурирањата.
Дали е возможно да се поврзат паметни телефони со верзии на MirrorLink постари од v.1.1? Компатибилноста на паметните телефони со MirrorLink постар од v.1.1 не е тестирана. Апликациите кај постарите верзии од безбедносни причини се деактивираат за време на возењето и не стојат на располагање.
Дали SmartLink има сопствена навигација? SmartLink Ви заштедува набавка на дополнителен навигациски систем бидејќи апликацијата за навигација може да се користи на паметниот телефон. Преку својот паметен телефон, секогаш го добивате најмодерното од интернетот.
Кога може да дојде до пречки доколку се префрлувам помеѓу ракување со мобилен телефон и ракување со екранот на допир на радиото? Треба да се одлучите за еден вид ракување, или со мобилен телефон или со екран на допир на радиото. Во спротивно, системот може да забави. Препорака: ракувајте преку екранот на допир на радиото и тоа "бавно".
По што ќе ги препознаам апликациите што се одобрени за SmartLink ? Апликациите за SmartLink може да се пронајдат со соодветно пребарување, на пр. во App Store на Apple односно во Google Play Store. Нема ознака Škoda.